Во велешко годинава има 889 ученик помалку, отколку лани

Петар Печков

Оваа учебна година 2024/25  во Велешко настава посетуваат   6.319  ученици од прво одделение до четврта година. Од нив основци се 4.315 а средношколци 2.004.   Бројките се добиени од Општина Велес и се однесуваат заклучно со 15 октомври.  Или годинава има  889 ученик помалку отколку лани. Од нив 908 се основци а во средно образование има 19 ученика повеќе од лани.

Во прво одделение настава посетуваат  476 првачиња, или за шест повеќе од претходната учебна година.  Оваа бројка 476 е за 19 помала од бројот на новороденчиња во велешко родени  во 2018 година, кои од есенва требаше да појдат на училиште. Во прва  година средно запишани се 554 ученика, половината од нив се во Коле Неделковски 277. Бројот на ученици запишани во прва  година е помал за 29   споредено со 2023/24 учебна година.

Во средните училишта во градот  бројната состојба е следна:

Јовче Тесличков            202

Димитрија Чуповски      492

Гимназија Кочо Рацин   386

Koле Неделковски         924

Во основните училишта вкупниот број на ученици е следен:

ОУ Васил Главинов                   1175

ОУ Блаже Конески                    1033

ОУ Панко Брашнаров                  726

ОУ Св. Кирил и Методиј              603

ОУ Лирија                                  510

ОУ Стојан Бурчевски Буридан      87

ОУ Рајко Жинзифов                    181

Бројот на ученици во прво одделение по училиште е следен:

ОУ Васил Главинов                    136

ОУ Блаже Конески                     102

ОУ Св. Кирил и Методиј               73

ОУ Панко Брашнаров                   72

ОУ Лирија                                    60

ОУ Рајко Жинзифов                      21

ОУ Стојан Бурчевски Буридан       12

Бројот на ученици во прва година средно по училиште е следен:

ОСУ Јовче Тесличков              64

ССОУ Димитрија Чуповски    135

СОУ Гимназија Кочо Рацин     78

ДСУ Коле Неделковски          277

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати