Петар Печков
Објавено: вторник, 16 април 2024
Реализирана е првата од трите крводарителски акции, кои годинава ќе се одржат во Градско. И овој пат крводарителите од Градско повторно ја докажаа нивната хуманост.
„На традиционалната крводарителска акција која се одржа во просториите на Домот на културата Крсте Петков Мисирков даруваа 73 крвни единици. Шестмина од дарителите даруваа за прв пат“ – соопшти Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Акцијата заеднички ја реализирана од ОО на Црвен крст на Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Останатите две крводарителски акции во Градско ќе се одржат во текот на оваа во 2024 година.