Во три крводарителски акции во средните училишта собрани 73 крвни единици

Петар Печков

Завршија пролетните акции за крводарување во средните училишта во Велес.

Во трите акции, реализирани изминатиот периоd собрани биле 73 крвни единици. Најмногу  имало во средното училиште „Коле Неделковски“ 44, па во гимназијата „Кочо Рацин“ 17 и во Хемиското „Димитрие Чуповски“ 12.

Дарители беа ученици кои имаа наполнето 18 години возраст.

Поради малиот број на потенцијални дарители,малиот број матуранти,  акцијата не е реализрана во економското училиште.

Крводарителна  акција во средните училишта се реализира и во есен. Тие се организрани од Општинската организација на Црвениот крст на Велес и Заводот за трансфузиона медицина.

фото ФБ/ ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати