Петар Печков
Објавено: вторник, 03 декември 2024
Германскиот институт Гете од Скопје, донираше стотина книги на велешката библиотека „Гоце Делчев“. Тоа се дела за различна возраст и различна читателска публика.
„Донираните книги беа набавени за саемот на книги минатата година. По неговото завршување одлучивме да ги подариме на некоја институција. Најголем број од книгите се за деца и млади, има белетристика и доста книги за изучуање на германскиот јазик. Го дониравме на велешката билиотека поради нивниот проактивен однос, тие се јавија и покажаа интерес за збогатување на нивниот книжевен фонд. Тие затоа заслужија да ги добијат книгите“ – кажа Катрин Оствалд Рихтер директорка на Гете институтот во Скопје.
Во градската библиотека има јаизично катче на француски и англиски јазик, каде има дела отпечатни на овие два јазика, како и библиотека со Брајово писмо, наменета за слепите лица и лицата со попреченост во видот.
„Библиотеката е во корист кога соработува со други институции било од локално или државно ниво, посебно ако е странска институција, како во случајот Гете институтот и Германската амбасада. Библиотеката има дела на повеќе јазици, а литературата на германски беше помалубројна, затоа и се пријавивме да го зголемиме бројот на книги на германски јазик. Во Велес има доволен број ученици кои го изучуваат германскиот јазик и затоа добиената литература ќе им биде добредојдена за подигање на нивното занење“ – рече Снежана Бошевска, директорка на велешка библиотека.
Летово оваа институција доби на подарок книги и од Полската и Руската амбасада во Скопје, печатани на полски и руски јазик.