Петар Печков
Објавено: вторник, 05 ноември 2024
Голем интерес кај велешани за фрлање на габаритен отпад, акција на Општина Велс и ЈКП Дервен, која започна на крајот од август, но поради големиот интерес траеше два месеци и септември и октомври.
Пријавувањето на граѓаните беше од 26 авгсут до 1 септември, а поради големиот број на пријавени граѓани,кои се јавувале и по исеткот на овој период, се реализираа следните 60 дена. Иако со акцијата не се најави собирање на електронски отпад, граѓаните и него го пријавиле и се ослободиле од домашните уреди.
„Акцијата ја оценуваме како успешна, бидејќи беа собрани околу 200м3 отпад. Интерес кај граѓаните секоја година има, особено поради тоа што оваа услуга е бесплатна, а потреба да се исфрли стар мебел или друг вид габаритен отпад од домаќинствата секогаш постои. Електронскиот ситен отпад граѓаните можат да го оставаат во кантите за електронски отпад што ги има на повеќе локации во градот, но за жал во нив најчесто се фрла комунален смет од домаќинствата, односно овие канти не се користат наменски. Габаритниот електронски отпад, фрижидери, електрични шпорети, телевизори, се собира заедно со останатиот габаритен отпад, по што на депонија тој се издвојува и одделно се складира“ – информираа од ЈКП Дервен
Проблем за чистотата во Велес е што многу граѓани оставаат габаритен отпад по јавните површини или го фрлаат во и околу контејнерите за комунален смет, без да знаат дека возилата за комунален смет не се предвидени за собирање на габаритен отпад заради тоа што може да се оштетат.
Ваквата состојба остава грда слика по улиците Велес. Од ЈКП Дервен апелираат до граѓаните да не го оставаат габаритниот отпад надвор од дома без претходно да договорат термин за собирање на тел. бр. 043/233-768 во Сектор Комунална хигиена при ЈКП Дервен, односно да го изнесуваат габаритниот отпад исклучиво на претходно договорениот ден.