Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 ноември 2024
Во октомври годинава во Велес имало осум дена со вредности на воздух кој бил загаден, со вредности над граничните. Ова го покажува мерната станица на Министеството за животна средина, лоцирана во дворот на Детската градинка во населба Тунел. За споредба лани, истиот месец имало шест дена загаден воздух. Овој месец вообичано кај дел од граѓаните, започнува грејната сезона. Тоа се чувстува и по квалитетот на воздухот во градот.
Преку Државниот автоматски систем за квалитет на воздух со мерната станицата Велес 2 лоцирана во дворот на детската градина во населба Тунел:се следи квалитетот на амбиентниот воздух во општина Велес на дневно ниво.
За споредба каква беше состојбата со загадувањето во 2023 и 2022 година. Лани имало 92 дена што е за четири дена помалаку од 2022 година. Со дополна дека во месец април мерната станица не работеше.
По месеци состојбата, најмногу денови имало во декември 22, а загадување немло во јуни и август. Зимата, јануари, февруари и март регистрирани се голем број на денови со вредности над 50 мг/м3.
Аеро загадување за 2023 година , по месеци - 17/19/18/ -/1/0/1/0/2/6/6/22.
„Во текот на 2023 година се вршеа бројни градежни активности на територија на Општина Велес, кои допринесоа за нарушување на квалитетот на амбиентниот воздух особено на параметарот ПМ 10. Останатите параметри кои се мерат преку мерната станица Велес2 се во граничните вредности и нема надминување. На 24.01.2023 отпочнати се градежни активности за реконструкција на дел од ул.Благој Ѓорев – Нова населба (од градинка Димче Мирчев клон 5 до спој со ул.Живко Фирфов), активности кои се вршат во непосредна близина на мерната станица.Во текот на месец јануари кога отпочна темелна реконструкција, во месеците февруари, март и април беа евидентирани изразито зголемени концентрации на ПМ 0 10 честички кои на 19.03.2023 изнесуваа и 229,4 pg/m3 а на 02.04.2023 и 265 gg,'nB. Зголемените концентрации се должеа и заради поставеноста на мерната станица во однос на улицата односно непосредната близина на градежниот опфат со мерната станица лоцирана на истата локација во населба Тунел на улицата Благој Горев која во тоа време се реконструираше “ – информираа од Општина Велес.
„Високите концентрации на суспендирани честички со големина до 10 и 2.5 микрометри (ПМ10 и ПМ2,5) што ги покажува мониторинг станицата „Велес 2“, поставена во дворот на детската градинка „Димче Мирчев“ во велешката населба Тунел, не даваат релевантна слика за квалитетот на воздухот во Општина Велес, бидејќи во непосредна близина на станицата се врши реконструкција на дел од улицата „Благој Ѓорев, што е директен извор на загадувањето. Поради тоа и поради заштита на инструментите од прекумерните концентрации на прашина, истите ќе бидат исклучени до завршувањето на градежните работи “ соопштија од Министерството за животна средина. Поради ова, во месец април мерната станица не работеше.
Во февруари имаше виски вредности на загаден воздух.
Bо периодот 8 до 11 февруари, четири дена беше надминат прагот на информирање, кога беа измерени вредности над 100 мг/м3 . На 08.02 -125,4 мг/м3, 09.02 -148,02 мг/м3, 10.02 -141 мг/м3 и 11.02- 108 мг/м3.
Потоа пет дена 16 февруари -114,9 мг/м3, 17 февруари 110,7 мг/м3, 18.02 -145,9 мг/м3 , 19.02 - 123,5мг/м3, 20 февруари - 120,2 mg/m3. Со ваквата состојба во два наврати беше надминат прагот на информирање кој е 100 мг/м3 два дена последователно.
Прагот на алармирање е кога во текот на два последователни дена се измерени количества на ПМ 10 честички над 150 мг/м3
Hа 19 и 20 март, мерните инструменти на Министерството за животна средина во Велес измерија мошне високи вредности на ПМ 10 честички, два дена над 150 мг/м3 со што е надминат прагот на алармирање. На 19 измерени се 229,4 мг/м3 а следниот ден 177,2 мг/м3. На 30 март - 182,5 мг/м3, ,на 31 март со 161,4 мг/м3 , на 1 април со 169,5 мг/м3 и 2 април 265,9 мг/м3.
И во декември има високи вредности. 18 и 19 декември 2023 година кога се измерени концентрации од 110,85 μg/m3, односно 115,15 μg/m3. на 30.12.2023 137 мг/м3 31 .12.2023 125 мг/м3 .