Петар Печков
Објавено: петок, 02 септември 2022
Со првиот септемвриски ден, кога во градинките тргнуваат повеќето од децата нивни корисници, дворот на една од шесте клона на Детски градинки, доби ново руво, нова форма и лик. За ова вложени се сопствени средства на градинката во висина од 1,8 милиони денари.
„Објектот бр. 5 или познат како „Ѕвездички“ партерно е уредено дворното место, збогатен со низа игровни елементи. Реализирани се повеќе градежни активности, со цел децата, што најважно за нив да минуваат што повеќе моменти на отворено. Тоа е од исклучителна важност за правилен раст и развој ан децата во најважниот период од детството. Кога тој отворен простор е оплеменет, уреден, модерен според сите стандарди и потреби, задоволството е големо таму да се реализираат низа активности“ - кажа Маја Велиновска, директорка на детските градинки, Димче Мирчев, од Велес.
На овој начин ќе се уредат сите шест дворни површини од сите објекти- Маргаритки, Сонце, Детелинки, Дизни и Ѕвончица. Овој проект за набавка на игровна опрема од сопствени средства на Градинката, ја чини 2,35 милиони денари.
Во шесте клона на Детските градинки во Велес, згрижени се околу 1,2 илјади деца од претшколска возраст.