Градскиот базен би започнал со работа викендов

Петар Печков

Градскиот базен во Велес најрано летово би започнал со работа до крајот на неделава. Ова е најавата на директорот на ЈП Парк Спорт и паркинзи, кому му беше со одлука на Советот доделен за работа овој рекреативен објект.

„До 9-ти или 10-ти јули  работиме  да го пуштиме базенот. Неофицијално тоа се термините, такви напори правиме. ЈКП Дервен го има главниот збор. Имаше заварување на долниот дел од базенот, беа поставени 15 засилувачи на плочите. Се тоа го работат они, кои активно се вклучени во техничките зафати. За   филтрирање на водата, немам информација“ - кажа Димче Левков, в.д. директор на ЈП ПСП.    

Најави дека ќе има обезбедено спасувачи за капачите, пинг понг маси за рекреација.

фото архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати