Граѓаните реагираат за ново поставените билборди, узурпирани се тротоарите

Петар Печков

Реакција од граѓаните на Велес има за новите постаменти на билборди, со кои се покриваат погледите кон дел од објектите во градот, како што се тие кај црквата Св. Кирил и Методиј, кај Пошта, спроти неа.  Велешани во дилема зошто новите билборди добија нова локација.   

„Се крие видикот кон градот. Зошто се сменија досегашните локации, се доделија нови, кои се на штета на градот, граѓаните“ – велат велешани.  
Градоначалникот Марко Колев објаснува дека локацијата за билбордите била одредена со одлука на Совет.

„Тие локации се одредени многу одамна,  со одлука на Совет на седница одржана пред повеќе години. Тоа е одлука е донесена за локација за поставување на билборди. Тие локации постоеле, само не ги откупувале, сега новата фирма плати многу повеќе 1,5 милиони денари наместо триста  илјади годишно како претходно за концесија и доби нови дополнителни места за поставување, кои ќе повторам се одредени многу одамна“- кажа Колев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати