Десетина деца од социјално ранливи категории, добија подарок училиштен прибор

Петар Печков

Десетина деца кои се ученици во основното образование, во прво  одделение добија училиштен материјал, подарок од Црвениот крст.

Акцијата се изведуваше на почетокот од учебната година во две книжарници во Велес, Ива 2003 и Унистар Принтшоп, каде купувачите донираа средства преку  поставени кутии за донација на училиштен прибор. Или пак донираа училиштен прибор.  

По спроведената акција од собраниот училиштен прибор се направиле десет комплета, кои беа подарени и ги израдуваа најмалите ученици од социјално загрозените семејства.

фото ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати