Дете нападнало соученик, поради сомневања за тежината на повредата пренесено на Неврохирургија во Скопје

Петар Печков

Средата претпладне околу 9ч. на големиот одмор во одделение од ОУ Блаже Коневски во Велес се случил инцидент, кога дете нападнало друго, соученик. При тоа повреденото дете  поради  здобиената повредата, е пренесено на Неврохирургија во Скопје. Двете деца биле на возраст од 12 години и ученици во седмо одделение.

„На 20 ноември  во Полициска станица Велес било пријавено дека во Општинско основно училиште во Велес, малолетник физички нападнал друг малолетник-негов соученик. Со Итна медицинска помош Велес малолетникот бил однесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. За настанот известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.СВР Велес презема мерки за расчистување на случајот“ – добиениот одговор од СВР Велес на поставеното прашање  од ТрМр за инцидентот во училиштето.

Од велешка болница информираа дека докторите ги прeзеле ситe неопходни мерки и со целосна здравствена нега е препратен во Скопје.

„Донесен е пациент, дете со хетероанамнеза за пад од сопствена висина. При приемот детото е во сомнолентна (поспана) состојба со крварење од десно уво. Прегледано од хирург, педијатар, невролог и анестезиолог. Направени се потребните иследувања, снимање комјпутерска томографија. Под сомнение за телесна повреда на лево уво, пренесено е на Клиника за Неврохирургија“ – соопшти д-р Биљана Босилкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати