Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 август 2024
Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Велес Нино Николов, даде неотповиклива оставка од гункцијата директор. Оваа функција ја извршуваше од месец март 2023 година а на истата дојде од редот на адвокатите. Тој кажа дека оставката ја дава оради лични причини.
„Функцијата директор на ЈЗУ Здравен дом Велес ја извршувам скоро година и пол, професионално и совесно, со многу завршени проекти за здравствениот дом, како што е целосно реноворање на објектот во Нова населба, зголемување на капацитетот на лабараторијата со нова и уште посовремена апаратура, со цел зголемување на квалитетот на услугите за граѓаните. Воедно обезбеден е проект и дозвола за реконструкција на фасадата на главната зграда. Функцијата директор ја предавам без никакви долгови на установата и со позитивен финансиски резултат“- кажа Николов.
Дополни дека се враќа на неговата примарна професија тоа што го работеше претходно, адвокатската дејност.