Догодина ќе започне изградбата на нов мост на Вардар кај Башино Село, најави директорот на ЈПДП Трајановски, откако претходната власт две години не можеше да најде проектант за мостот

Петар Печков

Откако во два обиди претходна власт бараше проектант за нов мост на реката Вардар кај Башино Село и тие  повици   беа неуспешни, директорот на ЈПДП Коце Трајановски,  оптимистички најави дека тие  деновиве, ќе распишат нов повик.  Мостот е во лоша  состојба  според стручните проценки.


„Мостот на реката Вардар кај Башино Село е во критична состојба, затоа ЈП ДП овој месец  ќе објави јавна набавка за проектирање на нов мост на Вардар. Доколку се биде во ред, изборот би бил во јануари, летото проектот би бил готов а следната година, октомври-ноември би започнала изградбата на нов мост“ – кажа Трајановски, при посетата на Велес.


Постојниот мост, чија стабилност е нарушена, е стар 53 години, изграден од ЈНА во 1971 година како времен, во должина од 101 метар.  Тоа е армирано бетонски полумонтажен тип мост.  Преку него се одвива сообраќајот на тешки возила и камиони до индустриската зона на Велес, но и за регионот на Азот, од каде што се носи сечена дрвена маса и камен од бројните каменоломи. Доколку се случи некакво ошетување на овој мост и тој стане неупотреблив, истите овие тешки возила ќе мора да минуваат низ центарот на Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати