МВР ги предупредува граѓанитe, да внимаваат од фишинг измамите

Петар Печков

МВР ги предупредува граѓанита, да внимаваат од фишинг измамите.  Фишингот е измама каде што напаѓачите ги мамат луѓето да откријат чувствителни информации, матичен број, број на трансакциска сметка,  на дебитна или кредитна каритчка, или да инсталираат малициозен софтвер како вируси.

Секторот за компјутерски криминал при МВР, ги  известува граѓаните  дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница.

„Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи, СМС пораки или телефонски повици. Во некои случаи, жртвите добивале порака дека се предмет на наводни правни постапки за измислени кривични дела и се повикувале да стапат во контакт со испраќачот преку вибер или телеграм линк. Дополнително, постојат случаи во кои граѓаните добивале пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност или министерот за внатрешни работи, со кои им се соопштува дека се под истрага за извршени кривични дела и дека е потребно да се регистрираат преку е-пошта и да ги достават нивните лични податоци. Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба“- соопштија од МВР.

Тие  апелираат до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.

За да се избегне ризикот од зараза со малициозен софтвер, Секторот за компјутерски криминал препорачува граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи. Ваквите измами честопати имаат меѓународна димензија, бидејќи слични пораки се забележани и во други држави од регионот.


Фишинг е вид на мрежна измама во која сајбер криминалците испраќаат мејлови кои изгледаат како да доаѓаат од постоечките и легитимни компании, и бараат од вас да наведете определени чувствителни податоци. Најчесто тоа се постигнува со вклучување на линк кој ќе ве однесе до веб локацијата на компанијата каде би требало да ги пополните своите податоци – но веб локацијата се разбира е лажна и информациите кои ги давате одат директно во рацете на сајбер криминалците. Фишинг или мрежна кражба на идентитет е вид на измама преку електронска пошта.

Изразот фишинг (кражба на идентитет) настана со асоцијација на риболов, бидејќи во овој случај криминалците како и риболовците, преку лажна мамка демнат со надеж дека корисниците ќе се „фатат“ и ќе ги споделат податоците кои се бараат преку линкот – како што се броеви од кредитните картички, броеви од сметки, шифри, кориснички имиња, извори на информации и уште многу работи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати