Европска недела на имунизиција, се подига свеста за потребата од вакцинација

Петар Печков

Во тек е Европската недела на имунизација, во која е вклучен и Здравствениот дом од Велес. Од 24 април до 1 мај се работи на неколку активности, едукација на населението, вакцинација на деца кои не се вакцинирани, посета на реони во градот каде постојат индиции дека има  деца кои  не се имунизирани.

„Се работи на теренска вакцинација на деца  од школска и претшколска возраст, со регуларни дози на вакцинација,  деца со пропуштени дози, како и пронаоѓање на досега не вакцинирани неевидентирани деца. Во текот на посетите на селата од околината на градот, но и неколку реони од Велес, каде има Ромска популација, вакцинирани се повеќе дечиња.  Пронајдовме една повеќедетна  фамилија која во Велес се доселила од друго место, и сите воопшто досега не биле вакцинирани. Започнавме да ги вакцинираме по „кетч ап“ вакцинација, вакцинација на пропуштени дози“ – кажа др- Марина Тодоровска од превентива на деца од претшколска возраст при ЈЗУ Здравствен дом.   

Ако Велес со околните опшини, Градско и Чашка беше со висок опфат на вакцинирани деца, бројката последните години е во опаѓање. Така лани  таа беше 80 отсто во претшколска возраст, 70 во градот и 90 во селата, додека во школска возраст опфатот е 95 осто.  Поради епидемија на голема кашлица во некои општини, имаше зголемена вакцинална кампања, во Велес опфатот  на вакцинирани  деца се намали, иако имаше зголемен интерес и зголемена вакцинација.

„Изминатиот период вакциниравме голем број деца, кои заостануваа посебно со ревакцина. Тоа беа деца над две годишна возраст, имаше случаи и на деца од пет и шест години, кои ќе тргнуваат на училиште а не беа вакцинирани со потребните вакцини. Иако вакциниравме голем број деца, процентот не се покачи, дури е и понизок од ланскиот.За трета доза опфатот е 83% а за прва ревакцина 78%. Тоа е така со години, во првото тромесечие, бидејќи во овој период се бележат голем број настинки температури, респираторни инфекции, поради што децата не можат да примат вакцина. Затоа децата кои не биле вакцинирани во зимските месеци, ќе се вакцинираат пролетва, ќе ги примат потребните дози, па процентот во јули ќе скокне“ – додаде д-р Тодоровска.  

Во Велес во март беа откриени два случи на голема кашлица, кај пациенти на 6 и 32 годишна возрат, кои останаа како изолирани случи, и бројката на заразени  лица не се покачи.

„Во градинките се згрижуваат деца, кои скоро сите се вакцинирани. По проверката на нивните вакцинални картони, тие што не беа вакцинрани, се додека не ја примија, на се згрижуваа во градинка. Тоа е место за групен престој и  голем ризик за пренос на инфекции“ – кажа д-р Тодорoвска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати