Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 јуни 2023
Прашањето е сега: Што да бидам? Што да се биде?
„Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“
Изборот на идната професија на младите луѓе е една од најважните одлуки во животот. Бидејќи новото време носи многу промени, за да се направи вистински избор, потребни се многу информации. Се бараат нови знаења, нови вештини од страна на идните вработени преку кои нивните способности, интереси и особини доаѓаат до израз во посакуваните професии.
Општопознат е фактот дека економијата и бизнисот се одлучувачките детерминанти за развојот на опшеството, па затоа економијата, правото, и трговијата како области за изучување во нашето училиште ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес се секогаш во фокусот на интересот.
По што е специфично и различно од другите средни училишта?
Најпрвин би потенцирале дека ученикот со избор на стручно дуално образование добива можност за избор на занимање што претставува негова инвестиција во иднината, инвестиција во занимање кое е дефицитарно и побарувано од бизнисот, инвестиција во занимање кое не само што е барано во нашата држава, туку е барано и во целата ЕУ и пошироко.
Училиштето работи преку нова модуларна програма каде се застапени токму занимањата кои моментално се актуелни на најновите побарувања на пазарот на трудот,а тоа се занимања од областа на дигитален маркетинг и е-бизнис, потоа сметководител, шпедитер, менаџер за он-лајн продажба, лица за односи со јавноста, маркетари и многу други.
Поимот дуално образование е поврзан со предметот Учење преку работа кај работодавач и е модел на образование каде што образовните процеси се реализираат и на училиште и кај работодавач.
На овој начин има поврзување на општото и стручното, теоретското и практичното образование. Наставната програма по овој предмет на учениците им дава исклучителна можност да развиваат вештини и знаења во компании, државни и јавни институции. Особено не радува фактот што училиштето наиде на широко отворени врати од страна на бизнис заедницата и институциите во градот за овој вид на соработка.
Училиштето ги следи глобалните трендови и дигитализацијата во светот. Од минатата учебна година воведовме нов профил ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ и е – трговија. Занимањата како Менаџер за социјални медиуми, Маркетинг специјалист за социјални мрежи, WЕB дизајнер, Специјалист за видео продукција се моментално тренд и најпобраувани на пазарот на труд.
Во училиштето има и многу учества на натпревари за кои зборуваат многуте награди, освоени медали пофалници и признанија, а преку нив се поттикнува индивидуалниот развој на учениците. А во насока на поттикнување на нивниот претприемачкиот дух и креативност, училиштето зема учество на многу проекти меѓу кои и Мобилности на ученици во странство преку програмата Еразмус+ каде учениците ги развиваат своите вештини и способности за решавање проблеми, комуникација, носење одлуки, тимска работа и флексибилност.
На крај би сублимирале само дека дека стручното образование и обука е дел од системот на образованието кој обезбедува развој на личноста преку стекнување на компетенции и употребливи знаења, a тоа значи по завршувањето на средното училиште учениците имаат можност за директно вработување, но и проодност за запишување на сите факултети.
Вистинскиот избор на професијата е чекор за успешна кариера, напредок и егзистенција. „Доколку некој напредува самоуверено во насоката на неговите соништа, и настојува да го живее животот кој тој си го замислил, тој неочекувано ќе се сретне со успехот“.
ПР текст