Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 јули 2024
Велешката полиција уапси лице , кое подметнало пожар. Деталите за настанот кој се случи вчера, недела, од информацијата на МВР.
„Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“,по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека НН лица ја палат депонијата која се наоѓа на патот Горно Оризари – с ело Клуковец, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ПС-ОН Велес, при што е затекнат С.Ц. од Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е предизвикан пожар при што е опожарена сува трева“ – соопштија од МВР.
Од страна на полициските службеници С.Ц. е лишен од слобода, а предизвиканиот пожар е изгасен.
По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело "предизвикување општа опасност" по чл.288 од КЗ.