Заврши пролетното теренско третирање од земја, против ларви од комарци

Петар Печков

Заврши  теренско – третирање од земја, против ларви од комарци, кое е спроведено од  Општина Велес. Теренското третирање од земја, против ларви од комарци се изврши на територија од седум  хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување.

„Третманот се изврши со препаратот FourStar MBG Multi-Brood Fourstar Microbial, биолошки ларвицид за комарци во вид на гранули,  кој се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно мапирани. Средството во вид  на гранули се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици. Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, и е предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2024 година“ – соопштија од Општина Велес.

По спроведената постапка за извршување на овие активностите беше избран операторот, тоа е  „Трули Нолен“ НМ Дооел – Скопје, и согласно Елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, беа  третирани следните локации:

Крајбрежјето на Езерото „Младост“, делот „Јарбош“, Градскиот Парк, Градскиот Стадион, Младински Парк, по течението на реката Вардар, реонот на Потокот и градските фонтани.

Согласно програмата се врши и есенско ларвицидно теренско третирање од земја, против ларви од комарци. Општина Велес е една од малкуте во земјава, која врши две третирања против комарци, и од воздух и по земја.

Општина Велес ја известува јавноста дека кон крајот на месец мај оваа година ќе следуваат авионски прскања, за кои три дена пред реализирањето на активностите јавно ќе бидат објавени соопштенија за пчеларите кои треба да ги затворат кошниците со пчели во времетраење од три до четири часови, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 фото архива ТрМР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати