Петар Печков
Објавено: четврток, 06 јуни 2024
Машината за бележење на хоризонталната сигнализација по велешките улици е ставена во функција. Неколку дена во ноќните часови, се врши хоризонтално бележење на улиците низ градот.
„Заради поголема безбедност бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши и во наредните денови сè додека не се бележат сите коловози и не се овозможи поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот“ – објави на својот ФБ профил градоналникот Марко Колев.
Ова е прво самостојно бележење на хоризонтална сигнализација на Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“.
Општина Велес ја набави машина за бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација на почетокот на годинава. Вредноста беше 2,6 милиони денари, што предизвика реакции во јавноста.
Подоцна со одлука на Советот таа беше дадена за користење на ЈКП Дервен, чии вработени го извршуваат хоризонталното бележење на улиците.
фото Општина Велес