Зголемен е интересот кај велешани за вакцинација од сезонски грип, годинава во однос на лани

Петар Печков

Во Велес се бележи зголемување на бројот на вакцинирани против сезонски грип, и тоа од 2.480 лица лани, годинава 2.749 лица. Ова се податоците кои денес, петок, ги објави заменикот министер за здравство Јовица Андовски. 

Тој на прес-конференција изјави дека годинава има одличен одѕив за бесплатната вакцинација против сезонскиот грип.  Согласно податоци од Управата за електронско здравство, преку апликацијата vakcinacija.mk, досега биле пријавени 75.712 лица и биле вакцинирани 66.674 граѓани.

„Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни компликации од сезонскиот грип. Статистиката покажува дека, од вкупниот број вакцинирани, речиси 42 илјади се лица над 65 години, 21.784 лица со хронични заболувања, 2.334 здравствени работници, како и 29 деца на возраст од 6 месеци до 5 години и 24 бремени жени“- кажа Андовски.

Вакцинацијата против сезонски грип во Велес, се одвива во Центарот за јавно здравје, започна на 21 октомври.  Бесплатната вакцинација е  за лица  на возраст над  65 години, болни од хронични болести, деца од 6 месеци до 3 години, трудници, здравствените работници. 

Можат да се вакцинираат и лица кои не се опфтени во овие ризични групи, со вакцини за комерцијална потреба, која чини 700 денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати