Зголемен интерес за вакцинација со ДТПР, откако се забрани згрижување на невакцинирани деца во градинка

Петар Печков

Зголемен е интересот  за вакцинација на децата со ДТПР вакцинаво Здравствен дом Велес, откако од понеделникот децата кои не се вакцинирани не можат да бидат згрижени на организиран начин во детските градинки. 

„Вчера, вторник и денес среда, имаме голем број на родители кои  ги донесоа нивните деца на вакцинација со петовалента вакцина, каде е и ревакцината за ДТПР и голема кашлица. Некои биле вакцинирани но не и внесени во вакциналните картони па мораше и таа обврска да се заврши. Децата не биле вакцинирани на 18 месечна возраст туку станува збор за деца на две и пол и три годишна возраст. Вакцинацијата во вакви случаи е дозволена“ - кажа д-р  Марина Тодоровска од превентивна служба за претшколска возраст при ЈЗУ Здравствен дом Велес.  

При проверката на вакциналните картони на околу 1.200 деца од градинките кои таму се згрижуваат, службите на институцијата, пронашле  дека 127 деца не се вакцинирани според календарот на Светската здравствена организација. Од овие 127 деца, околу 80 отсто подолг период не доаѓале во градинка. Поголем дел од овие деца, без вакцина,  имале здравствена документација дека во периодот кога требало да се вакцинираат, поради нарушена здравствена состојба не и треба да се вакцинираат.

Од понеделникот  11 март е забранет прием во градинките на деца кои не се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДТПР вакцината, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ова доаѓа по епидемијата на голема кашлица која е прогласена на територија та на град Скопје.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати