Зошто улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев станаа двонасочни, иако улицата 8 Септември не е затворена за сообраќај

Петар Печков

Многу дилеми предизвика бележењето на сообраќајната и хоризонтална сигнализација на двете улици од центарот на Велес,  Гоце Делчев и Страшо Пинџур, паралелни на улицата 8 Септември.

Преку нив треба да се одвива сообраќајот во две насоки, кога следната година од јуни, јули и август, главната улица временски навечер ќе биде затворена за сообраќај.

Јавноста во дилема зошто уште сега се овозможи овие две улици да бидат двонасочни, иако 8 Септември не е затворена за сообраќај.

„За да имаме дозвола за подземната гаража мора да има влез и излез во неа. За да имаме согласност од полицијата, мораме да имаме влез и излез од паркинг просторот  и затоа таа улица и другата се двонасочни. Ако останеа еднонасочни, ќе немаше влез и излез и немаше да добиеме согласност за изградба на подземна гаража.   Не можевме да добиеме одобрение за градба, за подземна гаража“- даде одговор градначалникот Колев, за дилемите во јавноста.

Новото сообраќајно решение за централното градско подарчје скоро една година предизвикува реакции во јавноста. Поради лошите решенија ,кој проектантот не ги предвидел, ниту ревизијата  ги констатирала, проектот во текот на изведбата неколку пати се менуваше.

Влезот и излезот за кој Колев зборува се дел од решението за подземна гаража со уредување на плоштадот, за што Општина Велес аплцираше за финансирање од Владата, преку Министеството за локална самоуправа.

„Дали ми се допаѓа ова решение, не ми се допаѓа, дали мора да биде така, мора. Имаме што е потребно, влез и излез на една сообраќајна лента, за подземна гаража“ – рече Колев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати