Петар Печков
Објавено: сабота, 17 февруари 2024
По повод Светскиот ден на извидништвото 22 февруари, Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, огранизираше крводарителска акција. На неа се собраа 42 крвни единици.
Истата се изведе во просториите на Младинскиот центар, лоцирани во Градската библиотека.
Акцијата заеднички ја реализираа Општинската организација на Црвен крст, Извидничкиот одред Димитар Влахов и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Ова е втора акција на ИО Димитар Влахов, која се одржува по повод Светскиот ден на извидништвото. Во првата лани беа собрани 46 крвни единици.