Петар Печков
Објавено: вторник, 20 август 2024
Околу пладне на свиокот од Стар мост, истекло масло од возило. Истото беше во должина од стотина метри и го отежнуваше сообраќајот на оваа делница.
За кратко реагираа вработените од ЈКП Дервен на критичните точки посипаа песок, со што се санираше маслото а со тоа и се обезбеди безебдноста на учесниците во собораќајот.
За потсетување до СВР Велес дека ваквиот чин е сообраќаен прекршок, за оштетување на коловозот кога се загрозува безбедноста на сообраќајот, со кој сторителот, ако го најдат треба да плати казна од 2 илјади евра.
Фото Сашко Ванов