И годинава 50 слободни места на Технолошко - техничкиот факултет од Велес

Петар Печков

Како и лани, на двете насоки прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има по 25 слободни места, од кои по пет се за вонредни.

Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот  факултет, од есен во новата академска година 2023/24  ќе  запише 50 бруцоши.

Ова е согласно конкурсот за упис на  студенти во прва година, кој  го објави  Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи  факултетот.  

Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.

Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти.
Ова е петта година по ред  со  ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Технолошко - Техничкиот  факултет во Велес. Наставата трае осум семестари.

Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока:  21-23   август;  6-7   септември и на 22   септември. Факултетот  по потреба, ќе спроведе и дополнителен уписен рок.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати