Петар Печков
Објавено: четврток, 12 септември 2024
Минатата година во Општина Чашка, во двата планинарски дома Папрадиште и Чеплес престојувале 740 гости за период од седум месеци - март - октомври, што е повеќе отколку во 2022 година кога имало 579 гости.
Лани остварени се 1.192 ноќевања што е повеќе од 2022 година кога имало 1.087. Или туристите во двата планинарски дома во просек престојувале 1,61 дена. Домашни туристи се 601 а странци 139. Домашните туристи оствариле 1.025 ноќевања и 167 странските.
Според статистичките податоци гостите во двата дома престојувале во периодот од седум месеци, март – октомври, но не и во првите и последни месеци од годината, јануари и февруари, како и ноември и декември.
Во текстот се користени бројки од Заводот за статистика на Република Северна Македонија. При презентирањето на анализата да се објави дека таа е изработена од порталот Тирековмирече.