Малолетник осомничен за силување и грабнување на малолетничка

Петар Печков

Велешката полиција до ОЈО Велес поднесе кривична пријава  за постар малолетник, поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик . Кривични поднело и за две лица поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.

„Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Пријавите се поднесени против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес и К.Е.(39 год ) и А.Е. (46годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес. Тие биле лишени од слобода.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати