Маслодајна го обнови детскиот забавен парк „Дизни“ (фото)

Петар Печков

Еден час пред да биде отворено, стотина деца трпеливо чекаа да влезат во обновеното детско игралиште, познато како „Дизни“ лоцирано во новиот дел на градот. Тоа е донација од велешка Маслодајна. Уште на стартот среќни детски лица, насмевки и радост, но и гужва за да се  обезбеди место за најдобриот реквизит.  

“Ова  едно од неколкуте детски катчиња кои ги подготвуваме за најмладите. Направиме техничка документација за овој простор но и за неколку други.   Еден проект беше презентиран на директорот на „Кристал“ Горан Лазов, тој вети дека финансиски го реализира. Благодарност до него, до раководството, до тимот од локалната власт  кој учествуваше во  реализацијата. Имам порака до сограѓаните да го чуваат, да се подобриме во чувањето на опремата. Ако не се случи таа промена во секој до нас, не може да одиме напред ниту како град, ниту како држава“ - кажа градоначалникот Марко Колев.   

На отворањето на забавниот парк, приуствуваа и децата од градинката „Сонце“ кај Жаба зграда.

„Имаме одлична соработка со новата гарнитура од локалната власт и затоа решивме да финансираме обнова на еден забавен парк за децата. Со цел да имаат простор за забава и радост. Купувајќи производи од Кристал, со тоа  се помага да се развива нашиот град и нашата држава. Нема да запреме тука. Во иднина ќе продолжиме со вакви проекти, се надевам дека ние ќе повлечеме и ќе не следат други компании од Велес“ - изјави Горан Лазов, директор на ПИ „Кристал 1923“.

„Просторот е  повеќе функционален, комплекс од повеќе содржини. Реквизитите се поголеми,  повеќе зрачат со атрактивност за децата. Истражував, во Велес нема многу ваков простор и се што поставивме е уникатно. Има куќички, лизгалки, лулашки, качувалки, вртелешка, клацкалка. Опфатено е се што е потребно според нормативите за едно детско игралиште. Се е вклопено во една убава композиција.  Реквизитите од забавниот парк се за возраст од 3 до 8 години“ - рече   Радица Дамјановска проектант на забавниот парк.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати