Петар Печков
Објавено: петок, 21 февруари 2020
Вчеравечер се одржа 27-то издание на манифестацијата Вешта Жена за Велес. Годинашен победник е Моника Андова со маса насловена ,,Свадбен венец,,.
Моника која ќе прави свадба во јуни, и од тие причини победничката маса ја насловила токму така.
На годинешното издание Вешта жена учествуваа четири велешанки.
Завршната манифестација ќе се одржи, во првата половина на месец мај, во манастирот Лешок.
Сите учеснички добиваат како награда викенд патување за Хвар -Хрватска.
Организатор беше манифестацијата ,,Вешта жена,, од Тетово заедно со Организацијата на жени од Велес.