Петар Печков
Објавено: сабота, 28 јануари 2023
На втори февруари (четврток) 2023 год. во просториите на Технолошко-техничкиот факултет, Велес се организира Отворен ден наменет за матурантите и сите заинтересирани, со цел запознавање со студиските програми, начинот на студирање и можностите за користење на лабораториската опрема.
Настанот е организиран во два термини. Едниот со почеток во 11 часот а другиот термин во 14 часот.
Технолошко-техничкиот факултет Велес како една од високообразовните единици на Универзитетот “Св. Климент Охридски”- Битола со реализирање на студиските програми од областа на Прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизам овозможува едуцирање на високо стручни кадри способни да се соочат со предизивиците на современото општество и пазарот на трудот.
Секогаш со Вас
Технолошко-технички факултет, Велес
Заедно во креирање на успешна кариера
ПР текст