Петар Печков
Објавено: недела, 28 април 2024
Во големата крводарителска акција од Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес, собрани се 160 крвни единици. Од нив петмина даруваа за прв пат. Таа се одржа денес во просториите на велешки театар.
„Голема благодарност за сите крводарители кои даруваа на крводарителска акција на Мото клубот Носачи на крстот“ - порачаа од Општинската организација на Црвен крст Велес.
Ова е четврта пролетна акција на крводарување на Мото Клубот „Носачи на крстот’, откако 16 години организираат крводарителска акција за 9 ноември, Денот на Општината.
Најуспешна досега е крводарителната акција од 2014-та година кога беа собрани 177 крвни единици.