На крводарителските акции во Чашка и Градско, собрани 81 крвна единица

Петар Печков

По повод денот на Општина Чашка 21 август, се одржа крводителска акција.  На акцијата се даруваа вкупно 31 крвна единица. Еден од дарителите даруваше за прв пат и стана дел од најхуманото семејство во државата. Акциајта се одржа во  ОУ „Тодор Јанев“.

Претходно  се одржа крводарителска акција и во Градско, по повод Денот на Општината.
Дарувани вкупно 50 крвни единици, четворица даруваа за прв пат.

Двете крводарителски акции се одржаа во организација на Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина.

За потсетување, недела и понеделник 25 и 26 август, се одржува големата летна крводарителска акција во Велес, годинава по 32 пат.  Таа ќе се реализира во Европската куќа, поранешно кино 11 Октомври во периодот до 9 до 15ч.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати