Незаборавно патување по „Чудесната вселена“ на децата од градинките (фото)

Петар Печков

Децата од највозрасните групи од градинката Димче Мирчев од Велес,  вчеравечер, вторник приредија незаборавно патување во вселената.

Традиционалната завршна приредба на децата кои од есен ќе бидат првачиња, ја наполни салата Гемиџии. 

Таму  присутните заедно со најмладите патуваа во вселената.  Тие отпатуваа на планетата Марс, и испратија порака да ја зачуваме планетата Земја, да ја чуваме животната средина. 

На овој впечатлив начин, децата  успешно го заокружија предучилишно воспитание и од есен почнуваат со нова обврска, учењето. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати