Нема интерес да го работат Градскиот базен, па јавниот повик пропадна

Петар Печков

Никој не сака да го работи Градскиот базен во Велес. На објава за давање под негов закуп немало заинтересирани лица, па јавното наддавање не се одржало.  Советот на 15-тата седница, одржана на 11 мај, донесе одлука за негово изнајмување, по пат на јавно наддавање.

„Посебно формирана комисија, спроведе објава за издавање под закуп,  преку системот за електронско јавно наддавање. Повикот траеше до 3-ти јуни. На истиот немаше пријавено заинтересирани  закупувачи. Согласно ова сметавме и да го ставиме на втор обид, повторно за објава за закуп, истиот би бил неуспешен“ - соопштија од локалната власт.  

Градскиот базен се издаваше по месечна цена од 86 илјади денари за три месеци, јули, август и септември додека за останатите месеци е три илјади денари. Период на изнајмување беше три години.

За да се надмине ваквата состојба и Градскиот базен да се стави во функција,  од локалната власт до Советот на општината испратија предлог одлука, со која ЈП Парк спорт и паркинзи би работел со објектот. Сметаат дека тоа е најбрзото решение, пред почетокот на сезоната за капење а во прашање се денови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати