Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јули 2022
Од среда до сабота, во Велес ќе се одржи Фолклорниот фестивал, кој годинава е 17-ти по ред. По две години пауза поради ковид пандемијата оваа манифестација не се одржа. Годнава 20 фолклорни ансамбли се учесници а тој како и годините наназад ќе се одржи во Амфитеатарот на Младинскиот парк.
“Фестивалот и традицијата се тоа по што светот не препознава и затоа треба да ги негуваме. Ги поканувам велешани но и посетителите до соседните општини да го посетат фестивалот и уживаат“- порача градоначалникот Марко Колев. Општина Велес е организатор на манифестацијата и заедно со Министерството за култура ја финансира манифестацијата.
„Годинава ја имаме една од најпривлечните програми во 17 годишното постоење. На летната сцена ќе настапат гости од седум земји, Србија, Словачка, Бугарија, Хрватска, Турција, Б и Х, Македонија кои ќе го претставата богатото фолклорно богатство, овде во центарот на Велес. Изданието ќе го збогатат и ансамблите од Велес, Скопје, Градско, Чашка, Битола, Кочани“- соопшти Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор на Фестивалот.
Фестивалот традиционално започнува со дефиле, кое среда започнува од 19,30 започнува од Интернатот до Трговски, преку Благој Ѓорев до Пошта и потоа по Алексо Демниевски Бауман до Амфитеатарот.
Во случај на дождливо време, настанот ќе се одржува во салата на ОУ Блаже Конески.