Осуденик додека бил на викенд му се заканувал на адвокатот кој го бранел на суд

Петар Печков

Велешката полиција уапсила затвореник, кој додека бил на викенд отсуство му се заканувал на адвокатот кој го бранел на суд. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 30 август во 12.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Н.(52 год) од Велес, кој бил на викенд отсуство од Казнено - поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал затворска казна, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот поранешен адвокат“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицето бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати