Пензионерите едуцирани за измами при набавка на огревни дрва и наводни сообраќајки на блиски

Петар Печков

На повеќе локации во централното градско подрачје на Велес, беше спроведена превентивна активност во рамките на кампањата на Министерството за внатрешни работи– „Градиме пријателство-Создаваме безбедност“.

Таа е  тематски посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и од измами врз постари лица и пензионери.

„Оваа превентивна активност се реализираше преку непосредни средби и комуникација со граѓаните, при што во текот разговорите со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа како тие да се заштитат, односно што да превземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела“ - соопштија од МВР.

Превентивната активност беше реализирана од  Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес.

 фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати