Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 август 2024
Пожарот во село Оморани, Општина Чашка е се уште активен. Пожарот бил пријавен во неделата попладне, од страна на концесионерот на ловиштето на овој реон. Истиот пожар беше активен до 18 август, 12 дена гореше шума а беше изгаснат од дождот кој тогаш падна. Тој се разгоре повторно вечера.
„Со пожарот е зафатена лисна маса и мешана шума и предизвикува големо чадење. Фронтот на пожарот е голем. Утрово во 06:30 часот почна со дејство хеликоптерот на МВР Ми -171, но ефектите од гасењето се многу мали. Ангажирани се 25 припадници на МВР специјална единица и 25 припадници на Армијата кои се веќе на местото на пожарот. Екипите од МВР и АРМ се поделени во две групи од кои една група дејствува северно во правец на манастирот Св.Никола во придружба со екипа од 5 лица од ЈП Национални шуми, а втората група ќе дејствува западно кон манастирот Пресвета Богородица во правец на село Оморани. Од 10 часот во гаснењето на пожарот е вклучен и еден ер трактор на Дирекција за заштита и спасување“- соошти Стојанче Ангелов директор на ЦУК.
Вчера попладне, недела, врабoтени oд ЈП Hационaлни шуми правеле пресеки, за да се ограничи огнот, да не може да се движи кон селото и манaстирот Св. Никола.