Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јуни 2024
Второто авионско третирање против комарци во Општина Велес ќе се изврши на 1 јули понеделник во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 2 јули вторник.
Границата на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
„Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства“ – соопштија од локалната власт.
Истовремено од 06:00 до 08:00 ќе се изврши второто авионско прскање против комарци на територијата на Општина Чашка. Опфатени се населба Чашка - низводно на река Тополка, Мелница - низводно на река Мелничка, Лисиче, Голозинци, Еловец оризови насади –низводно на река Тополка, Раковец (Општинска депонија), Отиштино и Бањица, Богомила - низводно на река Бабуна, Согле - низводно на река Бабуна, Теово - низводно на река Бабуна, Оморани - низводно на река Бабуна, Мартолци - низводно на река Бабуна, Извор - низводно на река Изворчица, Владиловци, Смиловци- низводно на река Изворчица, Стари Град, Врановски Анови - низводно на река Бабуна и Изворчица, Војница - низводно на река Војничка и Бабуна