Петар Печков
Објавено: недела, 14 мај 2023
По 12 пат и по три години пауза, поради корона пандемијата, во Велес се одржа мото собир. Организиран од Мото клубот „Носачи на крстот“, се случуваше на езеро Младост како и дефиле по улиците на градот.
Мото собирот започна од езеро, каде по дефилето и заврши, по што се случуваше вечерна забава со учество на повеќе македонски групи и ди-џеи, меѓу нив и Деј офф бенд.
Организаторот проценува дека учествувале илјади мотористи од Македонија, но и од Хрватска, Србија и Бугарија, додека 600 од нив возеле по улиците на градот.
фото Дарко Панов, Мартин Анчов, Ивица Пренџов и Општина Влес