Промовирана книгата „Исповед“ на Емилио Јанковски, нeгова петта книга

Петар Печков

Промовирана е книгата „Исповед“ на роднокрајниот автор, велешанецот Емилио Јанковски. Тоа е негова петта книга, оваа пишувана како писма до негов фиктивен брат, но не по крв.  Тој е редовен член на велешката библиотека „Гоце Делчев“.  

„Цел ми беше да напишам книга за ова време кое го живеам, за да остане некаков трага. Многумина пистели напишале дело, заминале, а тоа останало да се чита и помни.  Книгата ја пишувава во период кога се чувствува задоволен од животот.  Писмата кои се упатени кон фиктивен брат, може да биде секој, и жена, девојка и дете. Книгата може да биде прирачник ако некој минува низ депресија, анксиозност, потрага по идентитет, да се пронајде самиот себе си.  Сите сме уникатни и секој еден  има нешто што е посебно, што треба да го пронајде. За среќен живот не се потребни големи нешта, туку мали кои не прават задоволни.  Да бидете среќни и задоволни кога ќе се разбудите сабајле, дека имате појадок. Да се радувате ако е сончево или ако врне. Тоа се моменти кои човекот го прават среќен, не треба да се трча по  големи нешта“ – кажа авторот Јанковски.  

Како промотор на книгата беше Татјана Митревска.

„Му честитам на храброста на авторот кој имаше пред нас храброст да се соголи и ги сподели неговата сопствена приказна. Секој од нас има своја приказна за себе, за своите блиски или подалечни“ – рече Митревска. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати