Петар Печков
Објавено: петок, 31 март 2023
Децата од Велес го одбележаа 1 април, денот на шегата со традиционален маскенбал. Се одржа во Младинскиот парк, каде присуствуваа дел од учениците од сите основни училишта и од градините во Велес.
Повеќето во маски и одела кои се присутни со години, но сепак децата се радуваа на настанот. Некои во присуство на нивните родители, баби или дедовци, ден пред 1 април, дадоа печат на утрешниот ден.