Регулаторна комисија одредила цената на водата која ЈКП Дервен ја наплатува од корисниците, од јули да биде покачена

Петар Печков

Со јулските сметки на ЈКП Дервен, потрошувачите добија зголемена цена на водата за пиење и канализацијта. Кубик вода е поскап за 4,92 денари, или од 33,26 денари за 1 м3 скокна на 38,18. Канализцијата пак е со повисока цена за метар кубен од 0,18 денари за кубик, од 4,68 скокна на  4,86 денари. 

ОД ЈКП Дервен, на поставеното прашање одговорија дека причината е решението на Регулаторна комисија, донесено на 8 јули годинава за повисока цена  и на водата за пиење и на отпадните води(канализација). Дека освен цената на струката, нафените деривати, оваа комисија ја одредува и цената на водата и отпадот.

Со ова решение, добиено од Регулаторна комисија,  утврдени се и цените за водата за пиење и за канализација  во наредните две години, 2025 и 2026 година, кои секоја година се  повисоки.

Од ЈКП Дервен дополнија дека од половината на месец јануари, ЈВП Лисиче испорачувал вода за пиење  кон ЈКП Дервен по повисока цена.

Повисока цена плаќаат и правните лица. На водата за пиење од  61,36 денари /м3 скокна на 68,72 денари /м3 , додека  цената за собирање  и одведување на урбани отпадни води за правни лица  од  6,79 денари /м3  сега е  7,05 денари /м3.

Во однос на зголемената површина кај одредени корисници, на надоместокот за одржување на јавни површини и надоместокот за јавно зеленило, според ЈКП Дервен причината е репроценка на површините кај домаќинствата, извршена според евиденцијата во катастар.

Така од 18 илјади домаќинства, корисници на услугите на ЈКП Дервен, осум илјади добиле зголемување на површината,која била евидентирана во Агенцијата за  катастар на недвижности, од каде ЈКП Дервен ги земал податоците.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати