Сабота вечер Калиопи со концерт во велешки театар

Петар Печков

После пет години Калиопи се враќа со концерт на македонската музичка сцена. таа сабота вечер, пред веќе распродадената сала ќе им ги  понуди  нејзините најголеми хитови и успеси.  Концертот ќе се одржи во Велешки театар.


„Неизмерно му се радувам на овој концерт. Поканата на Велешкиот театар дојде во вистинско време. Токму да ме потсети дека моето “дома” не е само место каде одмарам и си ја собирам силата по многубројните концерти и турнеи во регионот, туку е и моја обврска да и приредам и на домашната публика концертно доживување.
Особено сум почестена и среќна што токму тука, во овој прекрасен театар ќе се случи мојот прв солистички концерт по долго време“-  вели Калиопи. 

Таа е   голем фан и чест посетител на претставите од  репертоарот во Велешкиот театар.  Но овој пат, улогите се менуваат, наместо во публика, та ќе бдие на сцената а со тоа и одговорноста станува поголема. Во однос на репертоарот со кој ќе се претстави пред велешката публика , тој ќе ги опфати песните од целата нејзина кариера.

„Ќе патуваме низ разни периоди, ќе се пеат песни кои публиката ќе ги врати назад во времето, актуелни хитови, изненадувачки моменти, неочекувани ситуации, интеракција, со еден збор-Шоу, кој на моменти ќе ги остави без здив, на момент ќе ги насмее, а сигурно дека и ќе си поплачат малку…😊 А дека ќе се пее-ќе се пее!!! Сигурна сум дека оваа ноќ долго ќе се памети и зборува“- додава Калиопи.

Придружниот состав е првата постава на нејзиниот  бенд. Овој состав е со неа последниве седум  години, и со нив поминале голем број на концертни турнеи, многу музички приказни и дишат заедно додека свират и настапуваат. Калиопи за нив вели дека се  ветарот во нејзиниот  грб.

Нејзината порака за посетителите, ја чувам во себе до концертот, а во сабота вечер ќе ја сподели  со нив токму таму, на штиците што живот значат, во големата сала  “Петре Прличко”, во Народниот Театар “Јордан Хаџи .Кконстатнинов .Џинот”, во Велес.

Калиопи досега има одржано три солистички концерти во Велес, првиот солистички на 21 ноември во салата 25 мај со турнејата „На пат по Македонија“, потоа на нејзиниот роденден на 28 декември 2005 година во малата сала на Општина Велес и третиот беше на Питијадата  2015 на 11 октомври.

фото Немања Новаковиќ

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати