Петар Печков
Објавено: вторник, 28 мај 2024
Сабота на 1 јуни наутро ќе се изврши првото авионско прскање против комарци во Велес и поблиската околина. Авионско третирање против комарци ќе се изврши во периодот од 5:00 до 8:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 2 јуни (недела).
„Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства“ – соопштија од локалната власт.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.