Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 август 2024
Утрово на Железничка станица Велес, вработените во МЖ откриле група мигранти, меѓу кои била и една девојка. Тие се превезувале со товарен воз од Гевгелија, кон Србија, скриени помеѓу вагоните. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 05 август во 6 часот на Железничката станица во Велес, полициски службеници од СВР Велес во товарен воз пронашле седум лица мигранти од Палестина. Мигрантите биле предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за понатамошна
постапка“ - соопшти Тања Ѓуровска од СВР ВЕлес.