Советниците прашуваа за уличното осветлување, градоначалникот објасни дека и вториот тендер е поништен

Петар Печков

На последната седница на Советот на Општина Велес, кога беа поставени советнички прашања, дури тројца советници ја потенцираа состојба со уличното осветлување во градот. И побараа итно да се реши проблемот, оти одделени делови на градот и улици, се во мрак. 

Градоначалникот Марко Колев, одговори дека проблемот е со тендерот, кој по втор пат е поништен и сега се распишува трет.

„Деновиве ќе распишеме нов тендер за уличното осветлување, имавме два неуспешни. Можеби сега ќе биде трета среќа. Имаме развојна програма, имаме финансиски средства. Во меѓувреме менуваме тековно, колку што можеме.  На првиот имаше бројни прашања и дилеми, имаше две жалби кои беа отфрлени. Но ние сметавме дека треба да се даде шанса на сите и да нема прозивки, го поништивме. На вториот тендер имаше пет пријави, но комисијата процени дека тендерската постапка може да се подобри и затоа се поништи. Одиме по трет пат . Реакциите за осветлувањето стасуваат и до мене. Но треба да биде јасно дека оклопот на светилките е стар. И кола ако не ги исполираш фаровите, нема да светат силно, така и со уличното осветлување. Така светилките не го даваат потребното светло, времето си го прави своето. По третиот тендер, ако биде успешен, ќе бидат опфатени со промена  со лед светилки, сите улици и Мало мовче и селата. Цела година се обидуваме да ја средиме работа со уличното осветлување, и очекувам дека со овој тендер ќе го избереме најдобриот избор“ – кажа градоначалникот Марко Колев.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати