Сребрен јубилеј на Благцето на баба и со жени учеснички од 25 градови (фото)

Петар Печков

По 25-ми пат велешките пензионерки ја  организираа манифестацијата Благцата на баба, на која учествуваа повеќе стотини жени од десетина македонски градови. Тие низ песна, игра , забава се дружеа и го одржуваа споменот на традицијата. 

Денес се чувствуваме посебно убаво,  зошто и годинава се собравме на благцата на баба.  Годинава сме домаќини на 25 градови, што не прави посебно горди и нас како организатори и манифестацијата како настан - рече Благојка Настова, претседател на активот на жени пензионерки при Здружението на пензионери од Велес.  И годинава манифестацијата има хуманитарен карактер, дел од собраните средства од влезници ќе се донираат на  болни деца и за стари и изнемоштени лица. 

Гостите се дружеа, се потсетуваа на убавите мигови од претходните настани, но и го вкусија многуте слатки, изработени по рецептите на нивните баби, извадени од пожолтените домашни тефтери. Освен евоцирањето на спомените, гостинките си разменија по некој старински рецепт.

Вера Глушкова од Велес подготви кифлички.

Ова е посен рецепт, од мојата свекрва го научив. Ги подготвувам за кратко време, тоа е рутина вежба, но и бргу ги снемува од чинијата. Моите многу го са каат - вели Вера.

Карактеристика на оваа манифестација е што се презентираат блага изработени по рецепти од бабите и мајки. На овој начин се  промовира традицијата, која не треба да се заборави.

Велика Камчева подготви  старинска раванија. 

Ова е селска раванија и ја знаат да ја подготвуваат сите жени, нема домаќинка што не ја знае. Се прави со гриз, јајца, шеќер. Домашните ја бараат и сите ја сакаат - рече Велика.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати