Петар Печков
Објавено: четврток, 05 септември 2024
По реакциите на велешки „Кристал 1923“ Српската Влада дозволи увоз на маргарин, но не и на масло за јадење. Претходно на 8 март годинава тамошната Влада носи одлука за „квантитативно ограничување на увоз на земјоделски прехранбени производи“, меѓу нив и на маргаринот и маслото за јадење.
На 22 август била добена дозвола за увоз на 33 тони маргарин, за производство на лиснати теста. Дозвола за увоз на масло за јадење и натаму нема.
„Бидејќи Одлуката на Владата на Република Србија е спротивна на одредбите на ЦЕФТА договорот за слободна трговија, бараме соодветно да реагирате со воведување на реципрочни мерки, или воведување на квоти за увоз на земјоделски прехранбени производи, маргарин и масло за јaдење до Република Србија “ – пишува во реакцијата на велешки Крисал до македонската Влада.
Откако неколку години Маслодајна работеше на извоз на маргаринот на пазарите во Србија и тој е во континуиран пораст, од 141 тон во 2021 лани стигнале до 317 тони. Годинава досега извозот е 112 тони маргарин.