Петар Печков
Објавено: вторник, 30 август 2022
Во периодот од 7 до 14 август во кампот Љубаништа се реализираше Летниот инклузивен камп. Тој е наменет за деца и млади од општина Велес и на него присуствуваа 20 лица со типичен и атипичен развој, со различен социјален статус.
Активностите на кампот опфаќаа работилници за вештини, водени лудории, спортски активности, квиз, забава, палење логорски оган, гледање едукативни филмови, екскурзии – посети на локалните атракции и секако дневна програма за вежбање.
„Под слоганот „Сакаме и можеме“, за време на седумдневниот камп, учесниците можеа да се дружат, меѓусебно да се запознаваат, да ги откриваат своите можности, да ги запознаат можностите и пречките со кои секојдневно се сретнуваат младите со атипичен развој. Дополнително, имаа можност да творат и креативно да се изразат, како еден од начините за подобрување на менталното здравје и развивање нови видици за гледање на светот и општеството“ - кажа Миланчо Арсовски од Меѓуопштинското здружение за лица со телесен инвалидитет за општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ кој го реализираше летувањето. Тоа е во рамки на проектот„Заедно сме подобри“.
Ова летување од проектот „Заедно сме подобри“ на Здружението МОБИЛНОСТ финансирано е од Европската унија (ЕУ и дел од Општина Велес и за учесниците беше бесплатно.